
октомври 27, 2021
Дистрибуција на флаери со цел да се спречи ширење на КОВИД-19 меѓу учениците
Во рамките на проектот за градење на капацитетите за зголемување на капацитети за следење и комуникација за КОВИД-19 на Црвениот крст на Република Северна Mакедонија во соработка со Институтот за јавно здравје и регионалната кацеларија на СЗО за Европа, Општинска организација на Црвен Крст Гостивар дистрибуираше информативен и едукативен материјал во средните училишта на територија на општина Гостивар под наслов „Да ги зачуваме училиштата безбедни, со цел да се спречи ширење на КОВИД-19 меѓу учениците“.
Преку оваа активност, учениците ќе се информираат повеќе за безбедноста во училиштата и начините на превенција од Ковид-19.