
март 7, 2026
Едукативна работилница за млади – Безбедност во планина
На ден 10.02.2026 година, во просториите на Општинска организација на Црвен крст Гостивар, се реализираше едукативна работилница за млади на тема „Безбедност во планина“.
Во рамки на работилницата беа презентирани безбедни практики при пешачење и качување во планина, планирање на патувањето, проверка на временските услови и користење на соодветна опрема.
Активноста беше реализирана во соработка со Планинарското друштво „Шари“ – Гостивар.











































