
октомври 5, 2021
Граѓанска крводарителска акција
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гостивар во соработка со Службата за Трансфузиона Медицина Гостивар на ден 08.10.2021 година организираа граѓанска крводарителска акција.
Акцијата ќе се спроведе во просториите на Службата за Трансфузиологија во Гостивар во период од 09:00 до 14:00 часот.
Општинската организација на Црвен крст Гостивар упатува Апел до сите хумани граѓани да даруваат од оваа драгоцена течности ,и со тоа помогнат за нормално функционирање на Здраствениот систем.
