
септември 29, 2021
Oбележување на Неделата на борба против туберкулоза
Црвен крст на Република Северна Македонија- општинска организација Гостивар на ден 21.09.2021 ја одбележуваа Неделата на борба против туберкулоза, од 14-21 септември. Во просториите на општинската организација Гостивар, се одржа едукативно предавање за Превенција од Туберкулоза, под мотото “Време е за свет без туберкулоза”. На предавањето присуствуваа членови од клубот на млади.
Целта на оваа едукација беше да се едуцираат младите за тоа што претставува болеста туберкулоза, кои се симптоми на болеста, како да се превенира и како да се лекува. Исто така од страна на волонтери на ООЦК Гостивар се реализира и видео запис со кратки информации за туберкулозата за подигнувањена јавната свест.