
октомври 22, 2021
Одбележување на 16-ти Oктомври – Денот на гладта
Во период од 16-22 Октомври Општинската органиазација на Црвен крст Гостивар, ја спроведе кампањата Денот на Гладта под мотото Помислете на нас. По тој повод волонтерите од клубот на млади го посетија семејството Трпески и донираа хуманитарна помош која се состоеше од пакети со храна и хигиенски средства.
Остатокот на денот волонтерите го помина во заедничка дружба со 9 годишната Лена член на семејството Трпески.