
декември 14, 2021
Oдбележување на Неделата за борба против ХИВ/СИДА
Црвен Крст на Република Северна Македонија – Општинска Организација Гостивар ја одбележa Неделата на борба против ХИВ/СИДА, под мотото “Знаењето е најдобра превенција од ХИВ инфекција“.
Информативна работилница се одржа во СОУ – Ростуше, Општина Маврово и Ростуше каде што присуствуваа 34 ученици.
Преку оваа информативна работилница се информираа младите за тоа што претставува ХИВ/СИДА и подигање на свеста кај младите за заштита и превенција од истата.