мај 31, 2022

Поддршка од Комисија за хартии од вредност

Поддршката од страна на нашите партнери, соработници и пријатели наменета за најранливата категорија на граѓани во Скопје- бездомните лица, продолжува. Овој пат Комисија за хартии од вредност донираше 100 оброци за бездомниците кои беа поделени на 06 мај.

Поддршката во храна за оваа категорија граѓани е секогаш добредојдена. Продолжуваме заедно во интерес на лицата во ризик!

< врати се назад