
декември 3, 2021
Реализирана крвордарителска акција во СОУ – Ростуше, Општина Маврово и Ростуше
На ден 03.12.2021 година Општинската Организација на Црвен крст Гостивар во соработка со ИТМ – Трансфузиологија Гостивар спроведе крводарителска акција во СОУ-Ростуше, Општина Маврово и Ростуше. Жителите на Река уште еднаш ја искажаа својата хуманост и масовно даруваа од оваа драгоцена течност.
На акцијата беа собрани вкупно 32 единици на крв.