мај 31, 2022

Скопје RUN

На 08 мај 2022 г. во организација на Сојуз на спортови на Скопје и Атлетски клуб Работнички, се одржа Халк Еко-10 километарската трка низ улиците на градот Скопје.

На трката зедоа учество над 1200 тркачи од земјата и регионот.

Како логистичка поддршка во делот на медицинско покривање на настанот, Црвениот крст на град Скопје зеде учество со 11 лица, доктори и парамедици, лоцирани долж целата траса на трката од фонтана Лотус до мост Влајко.

Тимовите бележат над 10 интервенции и асистенции.

< врати се назад